Три дена по завршувањето на шестиот ИПАРД оглас до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнаа околу 70 барања. Јавниот повик беше објавен на 31 март 2012 за мерките, 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија и 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности. Претходните пет ИПАРД огласи покажаа дека најатрактивни за повлекување европски пари се инвестициите во економскиот развој на руралните средини, лозарството и овоштарството, градинарството и преработката на овошје и зеленчук. Засега, најголемата ИПАРД инвестиција во Македонија изнесува 800.000 евра, а е во секторот преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.
Три дена по завршувањето на шестиот ИПАРД оглас до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнаа околу 70 барања.
Јавниот повик беше објавен на 31 март 2012 за мерките, 101 - Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија и 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности.
Претходните пет ИПАРД огласи покажаа дека најатрактивни за повлекување европски пари се инвестициите во економскиот развој на руралните средини, лозарството и овоштарството, градинарството и преработката на овошје и зеленчук.
Засега, најголемата ИПАРД инвестиција во Македонија изнесува 800.000 евра, а е во секторот преработка и конзервирање на овошје и зеленчук.
До крајот на годинава Агенцијата планира да распише уште два или три ИПАРД огласи.